ВИДЕО | Не му е прв испад: Вил Смит му удри шамар на новинар во 2012

1 min read

Скандалот со шлаканицата на доделувањето на Оскарите сега е тема на сите медиуми. Имено, Вил Смит го „почасти“ колегата Крис Рок со шамар среде сцена, затоа што Крис направи шега на сметка на Џејда Пинкет Смит, жената на Вил.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

Некои го бранат затоа што му „прекипело“ да ја влечкаат неговата сопруга низ разноразни контексти, особено затоа што ја има изгубено косата поради алопеција, а други бараат Оскарот да му биде одземен. Трети пак, потсетуваат дека ова не е првпат Вил да се покаже каков јунак е кога е во прашање „шамарање“,

ГАЛЕРИЈА | Oскари: Триумф на Вил Смит, Џесика Честејн и „Кода“, еве ги останатите победници

За оние што не се сеќаваат, во 2012 година, познатите стравуваа од еден „прикриен“ новинар, односно шегаџијата Виталиј Седијук, кој се претстави и на премиерата на „Луѓе во црно 3“ како дел од медиумските претставници и тргна да го бакне Вил Смит.

Актерот се погрижи да не дојде до тој бакнеж и „фино“ го удри по образ шегаџијата.

Сето тоа беше и снимено, во прилог и видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин

Следно

ВИДЕО: Ремизиравме во Леирија, а во Лозана Фиго им донесе триумф на Португалците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian