Денеска покрај репрезентацијата на Португалија од европската зона, и селекцијата на Полска обезбеди настап на Светското првенство во Катар 2022.
Полјаците пред своите навивачи успеаја со 2:0 да триумфираат над Шведска за осмо учество на Мундијалите.
Двата погодоци беа реализирани во второто полувреме, за предност се погрижи Левандовски од пенал во 49 минута.
Конечниот епилог го постави Зиелински ко ја затресе мрежата на Олсен во 74 минута.
За гостите настапи и една од најголемите ѕвезди Златан Ибрахимовиќ, но не успеа да се запише во листата на стрелците, а целиот меч го одигра Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски.