ВИДЕО | Има и млади лекари кои сакаат да останат да работат во Македонија

1 min read

Образовната миграција и одливот на медицински персонал од Македонија е зачестена појава. Најчесто младите лекари заминуваат во Германија од каде пак лекарите заминуваат за Швајцарија каде што им е попрофитабилно. Но има и млади лекари кои сакаат да останат во Македонија. Такви се и Александра Ѓоргиевска и  Леонид Караџинов, кои решија да студираат во Македнија и да останат тука.

-Дури и кога би заминал во странство тоа би било за да научам нешто ново што потоа би можел да го применам тука, вели Караџинов.

Федерацијата на асоцијации на студенти по медицина се состана во Охрид, а целта на интернационалната федерација е да се влијае врз општеството на повеќе нивоа. Освен запознавањето, студентите по медицина се стекнуваа и со други вештини.

-Поентата не е само дружбата туку и вмрежувањето од студенти од целиот свет со цел размена на искуства и идеи. Така имаме можност да си ги подобриме вештините за имплементирање битни идеи, нашите комуникациски вештини, вели Ѓоргиевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Стојмановски: Фудбалерите се исправени пред животна шанса во мечот против Португалија

Следно

Измамници од Скопје „оперирале“ низ угостителски објекти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian