ВИДЕО: Хрватите со пресврт славеа во Доха против Бугарија

1 min read

Хрватска фудбалска репрезентација успеа на пријателскиот натпревар одигран во Доха (Катар) да триумфира против Бугарија со 2:1 (0:0).

Бугарите кои се едни од нашите ривали во следната Лига на нации дојдоа во водство во 69 минута со голот Десподов.

Следуваат по еден црвен картон на двете страни, кај Хрватите Чалета-Цар, а Десподов во бугарската селекција.

Модриќ во 76 минута од пенал израмни на 1:1, а четири минути подоцна пресвртот го комплетираше Крамариќ.

Бугарија е првиот противник на Македонија во „Лигата Ц“ на 2 јуни, меч кој ќе се одигра во Разград, а на 9 јуни во Скопје е возвратната пресметка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска советува: Како да слабеете без да му наштетите на здравјето

Следно

Ѓорѓиев: Историската комисија ќе заседава неделава, ќе се разгледува Средниот век

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian