ВИДЕО: Грешка на капитенот Ристовски, Фернандеш казнува за водство на Португалија

1 min read

По првото полувреме, македонската А репрезентација има негатива од 1:0 во финалето од баражот за пласман на Светското првенство против Португалија.

Добро се држеше нашиот национален состав, неколку пати се обиде да се закани по голот на домаќините.

Португалците ја имаа првата шанса преку Кристијано Роналдо, во моментите кога противникот немаше голема иницијатива, направивме непотребна грешка во 32 минута.

Во моментите кога притисок правеше ривалот, капитенот С. Ристовски направи грешка, ја упати топката во средниот ред, по што ни ја украдоа.

Роналдо во контранападот асистираше до Фернандеш, кој со прецизен удар успеа да ја затресе мрежата на Димитриевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Експерт открива: Еве зошто се будите уморни дури и ако сте спиеле осум часа

Следно

ВИДЕО | Драстична промена: Жена покажала како изгледа по седум години брак и две деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian