Денеска во пријателски натпревар репрезентацијата на Данска убедливо со 3:0 ја совлада селекцијата на Србија.
Гол серијата ја започна Меле во 15 минута од средбата, а во 53 минута предноста за домаќините ја зголеми Линдстром.
На „Паркен“ стадионот за Данците настапи и Кристијан Ериксен кој со еден прекрасен погодок во 57 минута го постави конечниот епилог.
Ова беше прв настап за Ериксен на стадионот „Паркен“ во Копенхаген на кој лани во јуни доживеа срцев удар на натпреварот од Европското првенство против Финска.
Тогаш неговиот живот беше спасен во последен момент, а лекарите кои правеа реанимација подоцна открија дека срцето на Ериксен престанало да чука на неколку секунди.