ВИДЕО | Експерт открива: Еве зошто се будите уморни дури и ако сте спиеле осум часа

2 mins read

Експерт за спиење од Америка открива зошто сте поспани, дури и ако сте спиеле доволно. Еден генијален совет може да ви помогне да се ослободите од чувството на поспаност кое често мачи многумина…

Постои причина поради која се будите уморни дури и ако сте спиеле повеќе од осум часа, но и начин да го поправите тоа, односно да го спречите долготрајното чувство на поспаност.

Експертот за спиење Едисон Џарман сподели видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое откри точно зошто го поминувате денот „уморни“ и покрај препорачаната количина на сон. Во видеото што го сподели со нејзините следбеници, Џарман објасни дека треба да спиете во циклуси од 90 минути.

@addison.jarman More info in the comments 😴 🙌🏻 #addisontaughtme ♬ original sound – Addison Jarman

Со оглед на тоа што луѓето спијат во циклуси од 90 минути, таа вели дека ќе се чувствувате значително помалку уморни ако се разбудите на крајот од еден од 90-минутните циклуси. За да го направите ова, едноставно треба да пресметате во кое време треба да се разбудите и потоа да броите наназад во блокови од 90 минути за да видите во кое време треба да заспиете наредната ноќ.

Според „Psychology Today“, во текот на овој 90-минутен циклус на спиење, лицето поминува низ пет фази на спиење. Првите четири фази, „NREM“, се сон без брзо движење на очите, додека во петтата „REM“ фаза се случува брзо движење на очите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Командант на НАТО: Можеби ќе биде неопходно да се испратат повеќе војници во Европа

Следно

ВИДЕО: Грешка на капитенот Ристовски, Фернандеш казнува за водство на Португалија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian