ВИДЕО: Без Салах, познати учесниците на Мундијалот кои доаѓаат од африканската зона

1 min read

Африка ќе ја претставуваат вкупно пет репрезентации на Светското првенство во Катар 2022, тие се Гана, Сенегал, Тунис, Мароко и Камерун.

Најинтересно беше на двомечот Сенегал – Египет, по првиот меч Египќаните имаа предност од 1:0, со истиот резултат Сенегалците славеа на домашен терен со голот на Диа, а победникот беше познат по изведувањето на пеналите. Сенегал триумфираше со 3:1, а египетските фудбалери доста се мачеа при шутирањето на пеналите бидејќи голем број на ласери од домашните навивачи беа упатени кон нивните лица, а тоа му се случи и на една од најголемите ѕвезди на Ливерпул, Мохамед Салах кој не беше прецизен од белата точка.

По првиот меч беше 0:0, а на реваншот Гана ремизираше 1:1 со Нигерија и благодарение на тој постигнат гол на гостински терен си обезбеди мундијалски „билет“

После првите 90 минути во Киншаса (1:1), Мароко на возвратната пресметка во Казабланка победи со 4:1 против ДР Конго. Тунис благодарение на победата на првиот меч против Мали (0:1) обезбеди настап на СП, на реваншот немаше погодоци.

Доста возбудливо беше на двомечот Алжир и Камерун, во првиот натпревар Алжирците како гости славеа со 0:1, а со истиот резултат Камерунците беа подобри по регуларните 90 минути. Во 118 минута Алжир постигна гол преку Туба и беше многу блиску до учество на Мундијалот, но не се предаваа Камерунците кои во 124 минута со голот на Екамби реализираа гол и ја израдуваа својата нација со пласман на СП.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ристовски: Против играчи како Фернандеш и Роналдо, не смеете да правите грешки!

Следно

Статистика ќе ги објави резултатите од пописот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian