Сите како едно, напред Македонија: „Црвено – жолта“ декорација, нека биде фудбалски празник!

1 min read

Македонската А репрезентација денеска (20.45 часот) има нов голем натпревар во својата фудбалска историја, бараж финале против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

На нашите најдобри фудбалери им е потребна поддршка, затоа спремете ја вашата „црвено-жолта“ декорација, со вашите шалови, знамиња, вечерва нека биде фудбалски празник.

Нека биде денот историски, ден кој исто така ќе се памети, 29 март 2022 година, кога Македонија конечно успеала да обезбеди настап и на СП.

Секако и навивачите имаат свој придонес на патот кон успехот, верните љубители на фудбалот и спортот воопшто од трибините секогаш ја давале и ќе ја даваат енергијата, каде и да се во овој свет, самата мотивација до самите играчи кои се борат за поволен резултат на теренот.

Фудбалот, спортот обединува, без разлика на верата, етничката припадност, пол, убедувања, сите да бидеме како едно, во намерата фудбалерите да ја остварат целта.

И евентуално да не успеат вечерва во Порто избраниците на селекторот Благоја Милевски, да ги бодриме, поддржуваме и во тажни моменти. Но, ние се надеваме, веруваме и посакуваме на крајот атмосферата да биде победничка, славеничка! Напред Македонија!!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лекар предизвика лавина критики: Ако сте немале ковид, најверојатно немате ниту пријатели

Следно

Основците од утре не мораат да носат маски во училиштата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian