Шумски пожар пламна во Словенија, на помош пристигна хрватски канадер

1 min read

Во големиот пожар што зафати околу 500 хектари во општина Предвор, 30-ина километри северно од Љубљана, досега изгореа пет викендички, а повредени се неколку пожарникари кои сè уште се борат со огнената стихија.

Пожарот на падините на Побошка гора избувна вчера попладне на популарна излетничка локација, а пожарникарите сè уште не успеале да го локализираат, иако на помош им дошол хеликоптер на словенечката армија, пренесува индекс.хр.

Според пожарникарите, подрачјето на пожарот сè уште се шири, а се работи за шумска површина со многу сува смрека и други дрвја кои лесно горат поради долготрајната суша.

Денеска, како и вчера, околу 250 пожарникари се борат со пожарот, а во подготвеност е нова екипа од сто.

Противпожарен авион Канадер CL-415 на хрватското воздухопловство денеска е испратен во Словенија за да им помогне на словенечките пожарникари да го изгаснат овој голем шумски пожар, пренесува Хина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Данска нуди преку НАТО да испрати 800 војници во балтичките земји 

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Хронологија на сите скандали на Оскарите: Испади, бакнежи и говори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian