Ристовски: Против играчи како Фернандеш и Роналдо, не смеете да правите грешки!

1 min read

Македонија беше поразена во Порто во финалето од мундијалскиот бараж против Португалија (2:0). Избраниците на селекторот Благоја Милевски после големата победа над Италија во Палермо, ги одржуваа надежите во обид да направат уште едно чудо и во Порто.

На крајот Португалците се покажаа како подобри и успеаја да обезбедат пласман на Светското првенство во Катар.

Првиот гол дојде по грешка на еден од нашите дефанзивци, поточно капитенот Стефан Ристовски, а потоа противниците тоа го казнија.

– Сакам да ѝ честитам на Португалија. Беше отворен натпревар, Португалија доминираше, но ние заминуваме со кренати глави. Отидовме на патување на кое никој не би поверувал и можеме да се гордееме со тоа. Направивме голем шок што го запрепасти светскиот фудбал, но мораме да продолжиме и да веруваме дека е можно да бидеме на повеќе вакви натпревари.

На СП секако дека ќе навивам за Португалија, се чувствувам малку Португалец. Мојот син е роден овде, имам португалски пасош и би сакал да ја видам Португалија да освојува Светско првенство. Кога играш против овие големи селекции, со играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо, не смеете да правите грешки. Сепак, тоа се случи и Португалија го искористи тоа. Дадовме сѐ од себе, се обидувавме да израмниме, но вториот гол се покажа како премногу – се зборовите на нашиот одбранбен репрезентативец, Ристовски, на официјалниот веб сајт на УЕФА.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Духовитата страна на Вучиќ: Имав 50 отсто шанси кај Деми Мур, убавината на мајка ми никој не ја наследи

Следно

ВИДЕО: Без Салах, познати учесниците на Мундијалот кои доаѓаат од африканската зона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian