Приведено лице во Скопје за издржување на двегодишна затворска казна

1 min read

Денеска (29.03.2022) во 13.45 часот на кеј „13 Ноември” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(48) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

skopjeinfo.mk

Претходно

Петков под жестоки напади на „тврдокорната“ бугарска јавност

Следно

Преговарачите од Киев бараат „меѓународен договор“ за гарантирање на украинската безбедност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian