Поранешна хрватска градоначалничка прогласена за виновна за примање мито од 100.000 евра

1 min read

Поранешната жупанка на Сисачко-мославската жупанија Марина Ловриќ Мерцел (СДП) и другите обвинети за голем број коруптивни дела во овој судски случај денес беа осудени во Жупанискиот суд во Загреб. Сите беа прогласени за виновни. Ловриќ Мерцел е прогласена за виновен за примање поткуп од 100.000 евра од претприемачот Жељко Жужиќ, кој соработуваше со судските власти и го призна делото, пишува Индекс.хр.

Обвинението против Марина Ловриќ Мерцел беше потврдено на крајот на 2015 година, но почетокот на судењето неколку пати беше одложуван.

Судењето на поранешната жупанка започна на крајот на јуни 2018 година, а формално започна на почетокот на септември истата година пред Судскиот совет со кој претседаваше судијата Вјеран Блажековиќ откако судијата Иван Турудиќ се повлече од постапката.

Жупанката се обидела да го прикрие примањето мито со купување и уредување стан во Задар на име на нејзиниот сообвинет внук Далибор Рожанковиќ. Таа се товари и за други коруптивни дела.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Велика Британија од неодамна и мажите се прашуваат дали се бремени пред да добијат терапија

Следно

Разговор со дизајнерката Стефанија Насеска: Најмногу калории се трошат на добар шопинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian