Ова се најдобрите пасоши во светот, еве како е рангирана македонската патна исправа

2 mins read

Пасошот на Луксембург е најдобар во светот според истражувањето на консултантската компанија Номад Капиталист. При оценувањето на пасошите беа земени предвид неколку категории: можност за безвизно патување, оданочување, глобална перцепција, можност за стекнување двојно државјанство и лична слобода.

„Многу рангирања на пасоши се фокусираат само на можноста за безвизно патување. Но, ние не мислиме дека тоа е најважната работа“, изјави извршниот директор на Номад Капиталист, Ендрју Хендерсон, пренесува Си Ен Би Си.

На врвот на листата се Луксембург, Шведска и Ирска

-На пример, американските и канадските пасоши се слични кога станува збор за опциите за патување, но Американците подлежат на даноците на нивната држава без разлика каде живеат, рече Хендерсон.

Што се однесува до даночната политика во рангирањето, минимум десет поени се доделуваат на земји, односно пасоши, во кои оданочувањето е ригорозно, како што е случајот со САД. Максимални 50 поени се доделуваат на земјите кои минимално оданочуваат, како Монако и Саудиска Арабија.

Во првите десет се Луксембург, Шведска, Ирска, Белгија, Швајцарија, Финска, Португалија, Чешка, Холандија и Сингапур.

Најдобри пасоши според Номад Капиталист

Од Балканот Хрватска го дели 42. место со Бугарија. Хрватскиот пасош доби максимален број поени за глобална перцепција и можност за добивање двојно државјанство, а најмалку поени за даноци.

„Она што е интересно е дека некои земји кои не се толку познати, како Малта, Исланд и Словачка, имаат посилни пасоши од моќните земји како Италија и Германија“, рече Хендерсон.

Пасошот на Северна Македонија на оваа листа е рангиран на 82. место заедно со црногорскиот. Со македонскиот може без виза да се патува во 125 земји, а подобро е рангиран од албанскиот, босанскиот, рускиот и турскиот пасош.

Македонскиот пасош доби максимален број поени за можноста за добивање двојно државјанство, а по 30 поени за оданочувањето и слободите, а најмалку за глобалната перцепција.

Рангирањето на македонскиот пасош на светската листа на Номад Капиталист

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига Европа: Е. Пелистер се враќа со негатива пред реваншот со Нексе

Следно

Командант на НАТО: Можеби ќе биде неопходно да се испратат повеќе војници во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian