Основците од утре не мораат да носат маски во училиштата

1 min read

Учениците во основните училишта од утре, 30 март, повеќе не мораат да носат маски за време на наставата, откако Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели.

Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.

Како што се појаснува, учениците кои сакаат, ќе може да носат маски.

Оваа одлука не важи за наставниците и другиот училишен персонал. Тие и понатаму ќе мора да носат заштитна маска во затворените простории на училиштето. Обврската да носат маски, останува и за средношколците и за студентите кои со физичко присуство посетуваат настава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сите како едно, напред Македонија: „Црвено – жолта“ декорација, нека биде фудбалски празник!

Следно

Продолжуваат пролетните активности во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian