Мините во Црното Море опасност за бугарските рибарски бродови

1 min read

Три мини се пронајдени во Црното Море од кои едната во близина на бугарско-турската поморска граница, јави БНТ. Според медиумот засега нема официјална потврда за една од мините.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, сопствениците на бугарските рибарски бродови најавија дека ги повлекуваат своите пловила од Црното Море на период од два до три месеци додека не се види текот на водните струи и присуството на мини. Бугарската морнарица ќе изврши извидување и истрага откако ќе добие сигнал за забележана мина во Црното Море.

Началникот на одбраната на Бугарија, адмирал Ефтим Ефтимов соопшти дека го известил министерот за одбрана дека вчера имало два сигнала за мини од два трговски брода во близина на бугарските територијални води, но по извидувачка мисија со воен хеликоптер не се пронајдени мини.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата 

Следно

Астролошко тројство: Што значат сончевиот, месечевиот знак и подзнакот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian