Европското првенство во борење за сениори се одржува во Будимпешта, Унгарија од 28 март до 3 април 2022 година.
Нашата држава ја претставуваат пет репрезентативци во борење во слободен стил, а Владимир Егоров во категоријата -57 килограми успеа да обезбеди финале.
За првпат во 23 години во нашето борење, Егоров е првиот борач од Македонија кој успеал да стигне до финале на европските шампионати.
Во четвртфиналето славеше минимална победа од 5:4 против Никлас Стехеле од Германија, а во полуфиналето триумфираше убедливо над Ерменецот Манвел Хндртсјан со 10:0 (технички туш).
Денеска е големото финале од 18.00 часот помеѓу Егоров и Алибас Рзазаде од Азербејџан.