Лига Европа: Е. Пелистер се враќа со негатива пред реваншот со Нексе

1 min read

Денеска во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа екипата на Е. Пелистер загуби на гостувањето во Нашице, Хрватска од Нексе со 29:26 (12:10).

Битолчани неколку пати водеа со еден гол разлика во текот на првото полувреме (0:1, 7:8, 8:9), а потоа ривалот до крајот на мечот не ја испушташе предноста.

Хрватите стигнуваа до највисоки „плус четири“ во вториот дел, на крајот триумфираа со три, негатива која ќе треба да ја анулираат играчите на Жељко Бабиќ на 5 април пред своите навивачи доколку сакаат пласман во четвртфиналната фаза.

На денешниот дуел за македонскиот вицешампион доминираше Граџан со шест голови, еден помалку запиша Табоада. На спротивната страна најрасположен беше Мелиќ со осум погодоци, а шест имаше Јелиниќ.

Завршија уште три средби: Горење – Ним 29:22, Кадетен – Савехоф 32:26 и Лемго – Висла Плоцк 28:31.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Април ќе биде среќен месец за овој хороскопски знак

Следно

Ова се најдобрите пасоши во светот, еве како е рангирана македонската патна исправа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian