Лекар предизвика лавина критики: Ако сте немале ковид, најверојатно немате ниту пријатели

1 min read

Ако досега не сте биле заболени од ковид-19, најверојатно немате ниту пријатели, тврди Ма Санг-хјук, еден од водечките јужнокорејски лекари, кој својот пост на „Фејсбук“ набрзо после објавата, сепак, го избриша.

„Возрасните лица кои не биле заразени со ковид, имаат проблеми во меѓучовечките односи“, напишал на Фејсбук Ма Санг-хјук, потпретседател на јужнокорејското Здружение за вакцинација, пренесе американски НПР.

Коментарите на објавата на Ма, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа лавина критики од луѓе кои досега не биле заразени, а, не се сметаат за асоцијални лица. Докторот подоцна ја избриша објавата, тврдејќи дека се послужил со метафора и дека не го разбрале добро.

– Сакав да истакнам во која мерка е тешко кој било да го избегне вирусот во ситуација со висока стапка на заразени во близина – се обидел подоцна да објасни во интервјуто за еден корејски весник.

Но, тој не е првиот што се послужи со слични „метафори“.

Мексиканскиот инфектолог Бренда Крабтри пред еден месец во една статија напиша: „Ако сега немате пријатели кои се заразени, немате пријатели“.

И двете изјави се дадени во време кога нивните земји ги тресеше нов бран на коронавирусот, односно ширењето на сојот омикрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црвениот крст на Грција испрати 50 тони хуманитарна помош за Украина

Следно

Сите како едно, напред Македонија: „Црвено – жолта“ декорација, нека биде фудбалски празник!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian