Командант на НАТО: Можеби ќе биде неопходно да се испратат повеќе војници во Европа

1 min read

САД ќе мора да испратат повеќе постојани или ротирачки сили во Европа, изјави денеска американскиот генерал и командант на врховната сојузничка команда на НАТО Тод Волтерс.

Волтерс во американскиот Сенат рече одлуките ќе се засноваат на она што го прават европските нации, како одговор на потребата да се создадат четири дополнителни борбени групи на НАТО во Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија.

Распоредувањето на групите ќе биде насочено кон заштита и влевање доверба во земјите од Источна Европа.

-Мислам дека и понатаму ќе ни треба повеќе, рече Волтерс пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот.

На прашање за претходни американски разузнавачки податоци кои сугерираа дека Русија брзо ќе ја совлада Украина, Волтерс рече дека можеби имало недостиг на информации.

Во врска со руската употреба на хиперсонично оружје во Украина, Волтерс рече дека имало неколку лансирања што се чини дека биле обид на рускиот претседател Путин да ги покаже способностите на својата армија. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ова се најдобрите пасоши во светот, еве како е рангирана македонската патна исправа

Следно

ВИДЕО | Експерт открива: Еве зошто се будите уморни дури и ако сте спиеле осум часа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian