Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари

1 min read

Блокчејн компанијата Ронин денеска соопшти дека хакери извлекле криптовалута во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што веројатно е најголемата кражба од ваков вид во историјата.

На 23 март хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД Коини. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува 614 милиони долари.
Ронин денеска ја открил кражбата.

„Соработуваме директно со голем број владини агенции за да се осигураме дека криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, велат од компанијата чиј фокус се видео игри. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Просветарите ќе почнат штрајк на 11 април, СОНК донесе одлука

Следно

Заборавени оскаровци: Филмски предлози кои ќе ви ја донесат романсата на минатиот век

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian