ФОТО | Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шамарот

2 mins read

Новопечениот оскаровец Вил Смит му се извини на Крис Рок откако му удри шамар на Оскарите кога комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит.

Во објавата на Инстаграм, Смит напиша дека неговото однесување на доделувањето на Оскарите било „неприфатливо и непростливо“.

„Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од себе и згрешив“, напишал Смит.

За време на својот говор, Рок се пошегува на сметка на Џејда Пинкет Смит поради нејзината избричена глава. Шегата тешко му падна на Смит, бидејќи неговата сопруга веќе некое време се бори со болеста алопеција, поради која на делови од главата останува без коса, за што и јавно проговори.

„Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравјето на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно. Претерав и згрешив. Се срамам и моите постапки не се во согласност со човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината“, порачал Смит.

Смит таа вечер ја доби наградата за најдобар актер за неговата улога во „Кралот Ричард“.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

ГАЛЕРИЈА | Oскари: Триумф на Вил Смит, Џесика Честејн и „Кода“, еве ги останатите победници

Џејда Пинкет-Смит со емотивна изјава за битката со автоимуната болест: Јас и оваа алопеција ќе бидеме пријатели… и точка!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блумберг престанува со работа во Русија и во Белорусија

Следно

Уставен суд ќе расправа за иницијатива од велешанка според која маските се облик на мачење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian