ФОТО+ВИДЕО | Првите фотографии од крвавата драма во Зајечар

1 min read

Синоќа се случила крвава драма во српскиот град Зајечар. Според информациите од полицијата, полициски службеник од полициската управа во Зајечар, Србија, со иницијали И. Ѓ. (28) е убиен синоќа на службена должност кога во него од огнено оружје пукал Д.З.

Повеќечасовната драма заврши околу 1.30 часот кога Специјалната антитерористичка единица (САЈ) изврши акција со која заврши крвавата драма. Првите истрели во зградата се слушнале околу 22 часот .

Д.З. испукал два куршума кон полициски службеници, кои постапиле по пријави на граѓани дека во зграда на улицата „7 Септември“ се слушнале истрели. Притоа бил погоден полицаецот кој им подлегнал на повредите во ЗЦ Зајечар.

Непосредно пред да пристигне полицијата, Д.З пукал и ја убил сосетката В.Ѓ. (62).

По пукањето, напаѓачот се забарикадирал на таванот и неколку часа подоцна се самоубил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Преговарачите од Киев бараат „меѓународен договор“ за гарантирање на украинската безбедност

Следно

ФОТО | Од тежок животен пат, до сјајот на Оскарот: Џесика Честејн имала тешка загуба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian