ФОТО | Пејачката и докторка Симона Поповска го прослави својот роденден: Мала забава во бело

1 min read

Пејачката и докторка Симона Поповска вчера на својот инстаграм-профил со своитe пријатели и бројни обожаватели сподели моменти од нејзината роденденска забава.

Објавите на нејзиниот инстаграм-профил изминатиов период се претежно од нејзината работа како дерматолог, и се поретко објавува приватни фотографии од себеси, ниту пак имавме прилика да ја видиме во јавноста.

Симона Поповска
Симона Поповска/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сепак, овојпат за својот 30-ти роденден направи отстапка, споделувајќи и неколку фотографии на кои позира покрај големата роденденска торта облечена во бело од глава до пети.

„Толку сум благодарна за патувањето со кое животот ме благослови досега. Исто така, сакам да се заблагодарам на секој од вас што го направи тоа уште подобро! 30-ката никогаш не изгледала толку добро“, напиша таа во описот на фотографиите.

Да потсетиме, Симона во 2018 година се омажи за својот долгогодишен партнер и голема љубов, Крис Поповски, а минатата година станаа и родители.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Според Приштина Вучиќ е единствениот балкански лидер кој им се заканува на соседите, треба да се санкционира исто како Путин

Следно

Ќе се организира меѓународен турнир во олимписко теквондо „Скопје Опен 2022“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian