Данска нуди преку НАТО да испрати 800 војници во балтичките земји 

1 min read

Данска најави дека на НАТО ќе му стави на располагање баталјон од 800 војници како можно засилување во балтичките земји поради руската закана. Нордиската земја веќе испрати околу 200 луѓе и борбени авиони во Естонија и Литванија и фрегата во источниот дел на Балтичкото Море.

-Веќе сме многу присутни на теренот, но подготвени сме да направиме повеќе, рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција.

„Затоа владата ќе предложи испраќање баталјон со околу 800 војници во балтичките земји“, рече таа на конференцијата посветена на данската помош во украинската криза.

Баталјонот е веќе во готовност за да може да биде испратен во случај на потреба.

-НАТО треба да поднесе официјално барање за да може Данска да ги испрати тие војници на терен, додаде премиерката.

Фредриксен ќе престојува во Естонија, Летонија и Литванија в среда и четврток, каде со претседателите на данските партии ќе ги посети данските трупи. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ѓорѓиев: Историската комисија ќе заседава неделава, ќе се разгледува Средниот век

Следно

Шумски пожар пламна во Словенија, на помош пристигна хрватски канадер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian