ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, но топло

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Особено во западните и во југозападните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, додека во среда времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена облачност. Нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд ќе има од четврток па натаму, кога ќе дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека во најтоплите предели истите се очекува да бидат уште малку повисоки и да се искачат до околу 23 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес се празнува: Преподобен маченик Агапиј

Следно

33 ден од војната меѓу Русија и Украина, најавена нова рунда преговори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian