ВИДЕО: Чуден потег на Азаренка во Мајами, го напушти мечот без причина

2 mins read

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка ненадејно го напушти мечот од третото коло на турнирот од мастерс серијата во Мајами против 16-годишната Линда Фрухвиртова од Чешка.

Азаренка при резултат 2.6,0:3 за противничката, на изненадување на сите, го напушти теренот и не се врати да го доигра мечот. Таа подоцна објасни што беше причината за ваквата одлука.

– Не требаше воопшто да излезам на теренот. Последните недели беа стресни за мене, а последниот меч буквално ме исцрпе. Но, сакав да излезам и да играм пред прекрасната публика, но тоа беше грешка.
Ќе направам пауза, па ќе се вратам на тенисот. Им се извинувам на навивачите за тоа што се случи, секогаш се радував на предизвикот да се наптреварувам на турнирите, но ова беше премногу за мене и ќе морам да извлечам поуки од сево ова. Би сакала да и честитам на противничката и да и посакам среќа до крајот на турнирот и во кариерата – соопшти Азаренка.

Идната прва тенисерка, Ига Швјонтек без проблеми обезбеди пласман во четвртото коло на мастерсот во Мајами откако во два сета за 66 минути игра со 6:0,6:3 ја победи Медисон Бренгл од САД.

Во машка конкуренција, четвртиот тенисер на светот, Александер Зверев за 74 минути игра со 6:2,6:2 го победи Мекензи Мекдонад и си закажа дуел со Танаси Кокинакис кој беше поуспешен од Денис Кудла во три сета со 7:6,4:6,7:6.

Пласман во осминафиналето обезбеди и Јаник Синер кој мораше да се помачи за да дојде до триумфот над Пабло Карењо-Буста. На крајот Синер славеше со 5:7,7:5,7:5.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Економична, а готова за 10 минути! Посна торта медено срце

Следно

ВИДЕО | Тупанчески: Какви и да се резултатите од пописот, очекувам реакции и коментари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian