Ван Гал има порака за Тен Хаг: Манчестер јунајтед не е фудбалски туку комерцијален клуб

1 min read

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис ван Гал му порача на актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хег да ја одбие понудата на Манчестер Јунајтед.

Ван Гал кој од 2014 до 2016 година седеше на клупата на „црвените ѓаволи“, вели дека Манчестер јунајтед не е фудбалски, туку комерцијален клуб.

Тен Хаг е главен фаворит од следната сезона да седи на клупата на Јунајтед, и управата на премиерлигаш веќе има извршено разговори по кој била задоволна од визијата за Холанѓанецот.

– Тен Хаг е одличен тренер и тоа е добро за Манчестер Јунајтед. Но, Јунајтед е комерцијален клуб, што го отежнува изборот на тренерот. За него би било подобро да оди во фудбалски клуб и доколку ме праша за совет, јас ќе му кажам. Но, повторувам, Тен Хаг мора да избере фудбалски клуб, а не комерцијален – вели Ван Гал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Вљубени парови продефилираа на црвениот килим: Гламур и романтика на „Оскарите“

Следно

Захарова се заканува: Ќе преземеме мерки, Скопје работи против своите национални интереси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian