Украина не смее да биде продадена во преговорите со Русија, вели британска министерка

1 min read

Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.

– Мораме да обезбедиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото, рече Трас пред британските пратеници и потсети на „непријатната спогодба од 2014 година, која не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“.

– Путин штотуку се врати по повеќе. Затоа не можеме да дозволиме да извлече победа од оваа страшна агресија, рече таа. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Жители на кумановско се жалат: Нѐ отру погон за прегорено масло, во селото не се дише

Следно

Претседателски избори во Србија: Според анкетите, Вучиќ води со 52 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian