Скопјани пијат безбедна вода, велат надлежните

1 min read

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.03.2022 до 25.03.2022 зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18). 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Поповски: Груевски да беше во Македонија, сега ќе беше во затвор, а немаше да дава свои мислења за становите што му ги откриваат

Следно

Во Украина нема да се отворат хуманитарни коридори поради можни „руски провокации“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian