Разговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската Унија треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешно влијание. Тоа го изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
– И за Германија и за Шведска е јасно дека ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да се направи способна за проширување, рече Шолц на прес-конференцијата по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон.
Тој рече дека и шведската премиерка и тој се согласиле дека преговорите со Албанија и Северна Македонија треба да започнат „што е можно поскоро“.
Шолц и Андерсон повикаа и на поправедна распределба на бегалците од Украина. Германскиот канцелар изјави дека досега во Германија пристигнале над 300.000 бегалци од Украина, но дека сега треба да се солидаризираат и другите земји.