Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

1 min read

МНР информира дека денес во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

Од МНР велат дека согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Романскиот судија Хацеган доживеа срцев удар додека тренирал

Следно

Арсовска: За подобро снабдување со вода на жителите на Црниче се заменува постоечката салонитна мрежа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian