Сантош: Македонија мора да се респектира

1 min read

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош е внимателен во најавите на утрешниот финален бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар против Македонија.

Сантош е пријатно изненаден од резултатите на „црвено-жолтите“ кои во четвртокот во полуфиналето на баражот ја совладаа Италија со 1:0 благодарение на голот на Александар Трајковски во 92 минута.

– Македонците ја изненадија Италија, но тие ги победија и Германците во Дуизбург. Ова е финале, а таквите натпревари секогаш се тешки. Сум бил дел од такви натпревари и знам за што зборувам. Ќе му пристапиме на натпреварот против Македонија со истиот респект што го покажавме кон Турција. Во овие моменти, фудбалот е поинаков и кој може да победи секого. Имињата, бројките и статистиката не се важни – изјави Сантош.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова се актерите кои се обидоа да го смират Вил Смит: Кога си на врвот, тогаш ѓаволот доаѓа по тебе

Следно

Ковачевски и Петков се оптимисти, работните групи комуницирале со нова динамика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian