Португалските фанови се убедени дека нивните фудбалери ќе ја совладаат Македонија во утрешниот бараж натпревар и ќе обезбедат пласман на Светското првенство во Катар.
Весникот „А Бола“ објави анкета во која ги праша своите читатели дали Португалија ќе ја победи Македонија и ќе игра на Мундијалот во Катар.
Дури 85.9 отсто гласачите сметаат дека Португалија ќе победи и ќе обезбеди пласман на СП во Катар, додека 14.1 отсто веруваат во триумф на Македонија.
Да се надеваме дека утревечер избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе успеат да приредат ново изненадување како тоа што беше минатиот четврток кога ги победија „аѕурите“во Палермо и ќе ги расплачат и Португалците.