„Не бегајте, улицата не е решение“: Битиќи ги повика синдикатите на преговори

1 min read

„Ве молам претставувајте ги работниците и дојдете седнете, вратете се на маса. Улицата не е решение, дојдете преговарајте и бидете солидарни“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во вечерашната дебата со синдикалните претставници на ТВ24.

Тој додаде дека решение единствено може да се постигне преку дијалог на економско-социјалниот совет.

„Тенденција на раст на платите има во сите сектори. Ние не бегаме од покачувањата. Во период на воена криза, енергетска криза и економска криза, Владата не вели дека усогласувањето на платите нема да се случи, токму затоа и носиме мерки, за доброто на граѓаните“ рече Битиќи.

Тој додаде дека преку дијалог и преговори може да се дојде до решението за усогласување на платите со минималната плата, без разлика дали тоа ќе биде линерано зголемување или нешто друго.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ристовски: Оваа репрезентација има нешто кое можеби другите воопшто го немаат

Следно

Љубов на прв поглед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian