Москва најави „адекватен одговор“ откако протеравме петмина руски дипломати

1 min read

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.

„Ќе има адекватен одговор“, нагласил изворот.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, соопшти Министерството за надворешни работи.

Минатата година МНР за непожелни прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август. И во двата случаи, Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Португалците веруваат во триумф над Македонија

Следно

Ѓорѓиевски: После 30 години се поставува нова водоводната мрежа на улиците „Церска“ и „Христо Узунов“ во Црниче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian