Поразот од Македонија што значеше елиминација на Италија од баражот за пласман на Светското првенство во Катар, ќе резултира со големи промени во репрезентацијата но во играчкиот кадар, додека Роберто Манчини ќе остане селектор, пишува „Газета дело Спорт“.
Весникот пишува дека Манчини ќе остане на селекторската функција и ќе направи ремонт, односно подмладување на репрезентацијата. Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина му даде поддршка на Манчини кој минатото лето стана европски шампион и порача дека едно разочарување во квалификациите не е причина за прекина на соработката.
Засега тројца „ветерани“ најавија дека повеќе нема да играат за „аѕурите“ и тоа се Џорџо Кјелини, Жоржињо и Чиро Имобиле, и во иднина лидери на репрезентацијата треба да бидат Заниоло, Скамака, Распадори, Тонали, Сенси, Песина…