Левица невкусно кокетира со агресорот во руско-украинската војна, смета политикологот Фидановски

1 min read

Нема никаков сомнеж дека главниот фокус на Левица се десноориентираните гласачи, а тоа се гледа и од односот на партијата кон Русија, вели во изјава за Локално политологот Кристијан Фидановски, магистер по политички науки од Универзитетот Џорџтаун и докторанд на Оксфорд.

„Една неодамнешна анкета на Институтот Преспа покажа дека поддржувачите на Левица се трипати поблагонаклоно ориентирани кон Русија во споредба со севкупното население. Дополнително, три четвртини од овие луѓе ја доживуваат или Србија или Русија како најдобар пријател на Северна Македонија. Со оглед на моделот на владеење во овие држави, ваквите податоци загрижуваат, но и одлично ја објаснуваат евроскептичната реторика на партијата. Меѓутоа, ваквиот пристап, и покрај неговиот силен мобилизациски потенцијал, има низок умножувачки потенцијал, односно функционира кај релативно мал дел од населението“, вели Фидановски.

Тој додава дека во последно време „во партијата Левица доминира крајно дегутантното кокетирање со агресорот во руско-украинскиот конфликт и релативизирање на тамошното крвопролевање“.

„Една левичарска партија треба да се фокусира на материјалните прашања (Марксовата т.н. „база“ на целото општество) и животниот стандард на работничката класа, а да ги третира нематеријалните прашања („суперструктурата“) како дистракции. А сепак, во речиси секој настап на Левица во Собранието, но и на социјалните медиуми, левичарските каузи како повисока минимална плата, иако присутни, се во длабока сенка на евтиното потпалување со меѓуетнички тензии, како на пример преку потполно неаргументираниот бојкот на пописот“, заклучува Фидановски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала од следната сезона ќе игра за Атлетико Мадрид?

Следно

Преговорите меѓу Русија и Украина почнуваат утре во 9:30 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian