Ковачевски во Софија на состанокот со шефови на влади на НАТО земјите од ЈИЕ

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа.

Состанокот се одржува на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, а покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и премиерите на Романија и Црна Гора – Николае Чука и Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската Влада.

На состанокот ќе се дискутира за влијанието на војната во Украина врз регионот, а шефовите на владите ќе разменат мислења и за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.

По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

Следно

Зеленски: Москва е „исплашена“ поради новинарите кои можат да ја кажат вистината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian