Илон Маск Маск размислува да создаде нова социјална мрежа: Не ми се допаѓаат правилата на „Твитер“

1 min read

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, „сериозно размислува“ да создаде нова платформа за социјално вмрежување, објави милијардерот во саботата на „Твитер“.

Маск одговори на прашањето на еден твитерџија дали размислува да создаде нова платформа за социјално вмрежување која ќе содржи алгоритам со отворен код и која ќе ѝ даде приоритет на слободата на говорот, каде пропагандата би била минимална.

Маск, кој и самиот е особено активен корисник на „Твитер“, неодамна беше критички расположен кон платформата на социјалната мрежа и нејзините политики. Тој рече дека компанијата ја поткопува демократијата бидејќи не се придржува до принципот на слобода на говор.

Неговите твитови беа објавени откако на „Твитер“ објави анкета во која ги прашува корисниците дали веруваат дека „Твитер“ се придржува до принципот на слобода на говор, а повеќе од 70 проценти одговориле со „не“.

„Последиците од оваа анкета ќе бидат важни. Ве молим, гласајте внимателно“, рече тој во петокот.

Ако Маск одлучи да изгради нова социјална платформа, тој ќе се приклучи на се поголемиот број технолошки компании кои се претставуваат како поборници на слободата на говор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарскиот амбасадор од Москва повлечен во Софија на консултации

Следно

Внимание: Во Порто се продаваат лажни билети за утрешниот натпревар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian