Првите две трки во сезоната во Формула 1 покажаа дека болидите на Мерцедес, не можат да им бидат конкурентни на тие на Ферари и на Ред Бул.
На неделната трка која се возеше за ГН на Саудиска Арабија во Џеда, Луис Хамилтон го освои десеттото место доцнејќи десет секунди зад возачот на Хас, Кевин Магнусен кој заврши на деветтото место.
– Не можев да го следам болидот на Хас – изјави Хамилтон.
Вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел го освои петтото место во Џеда.
–
Доцневме 30 секунди зад победникот, а мислам дека беше 30 секунди по излегувањето на безбедносното возило. Тоа е доцнење од една секунда по круг – вели Расел.
Незадоволен беше и шефот на Мерцедес, Тото Волф.
– Луис и Џорџ завршија добра работа, можеа и двајцата да бидат подобро пласирани, но за жал немаат доволно квалитетен болид – рече Волф.
По две извозени трки, Расел е четврти во конкуренција на возачи со 22 бода додека Хамилтон петти со 16 бода. Лидер е возачот на Ферари, Шарл Леклер со 45 бода.
.