Александра Шијакоска, една од најпознатите македонски инфлуенсерки повторно е хоспитализирана. Таа денеска преку Инстаграм информираше дека опоравувањето не оди по планот и дека доживува потешкотии во својата тешка борба со болеста. На Шијакоска во февруари и беше откриен тумор на главата, по што беше оперирана. Таа тогаш објави и фотографии за да информира дека операцијата била успешна и сега следува опоравувањето.
Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психички нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам оваа ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам, напиша денеска Шијакоска.
Јавноста со огромна поддршка реагираше на тоа што Шијакоска реши јавно да ја бие битката со подмолната болест. Граѓаните постојано и оставаат коментари со поддршка и желби за што поскоро закрепнување.
ВИДЕО | Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска соопшти дека ѝ откриле тумор на главата