Посната торта позната под името медено срце е омилениот колач при секој пост. Лесно се подготвува, сочна е, ароматична и се топи во уста.
Состојки:
– 1,5 чаша шеќер
– 1,5 чаша кисела вода
– 2 мали шолји масло
– 2 чаши брашно
– 1/2 ќесичка цимет
– 1 лажичка сода бикарбона
– 3 лажици џем
За преливот:
– 100-150 гр посно чоколадо
– 1 лажица масло
– малку џем или мармалад
Подготовка:
Сите состојки заедно изматете ги и печете ги во набрашнета тепсија околу 30 до 40 минути. Врелиот колач премачкајте ја со џем и одозгора прелијте го со растопената чоколада во која сте додале масло.
Ако ставите млеко наместо кисела вода, ќе имате мрсна варијанта на колачот.