Дибала од следната сезона ќе игра за Атлетико Мадрид?

1 min read

Аргентинскиот репрезентативец и член на Јувентус, Пауло Дибала, кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид, пишува „Мундо Депортиво“.

Преговорите помеѓу Дибала и Јувентус западнаа во ќорсокак, двете страни не можат да најдат заеднички јазик и на крајот од сезоната, Аргентинецот ќе си замине од Торино како слободен играч и ќе потпише за Атлетико Мадрид, тврди шпанскиот весник.

„Дибала сака да соработува со Диего Симеоне. Иако тренерот на Атлетик бара класичен напаѓач, а Дибала игра нешто поповлечено, не сака да ја пропушти можноста на „Ванда Метрополитано“ да донесе голема ѕвезда без обештетување“, пишува „Мундо Депортиво“.

Дибала пристигна во Јувентус во 2015 година од Палермо и за „старата дама“.283 натпревари на кои постигна 113 гола и има 48 асистенции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Редок случај во медицината: Бебе се роди во недопрена амнионска ќеса

Следно

Левица невкусно кокетира со агресорот во руско-украинската војна, смета политикологот Фидановски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian