Бугарскиот амбасадор од Москва повлечен во Софија на консултации

1 min read

 Со специјален хуманитарен лет од Москва денеска во Софија се враќаат 64 бугарски државјани кои живеат во Русија, меѓу кои и бугарскиот амбасадор Атанас Крастин.

Тоа го соопшти премиерот на Бугарија Кирил Петков на прес-конференцијата со премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Романија Николае Чука и на Црна Гора Здравко Кривокапиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот амбасадор Крастин се враќа поради консултации, како што најави Петков пред една недела.

Со таквиот потег Бугарија испраќа сигнал до Русија да ја повлече својата амбасадорка од Софија, Елеонора Митрофанова, која предизвика силен бран негативни реакции поради нејзините навреди и квалификации кон бугарските институции, нарекувајќи го премиерот Кирил Петков „функционер кој немал право да ја критикува”

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пропадна нов обид за атентат врз Зеленски

Следно

Илон Маск Маск размислува да создаде нова социјална мрежа: Не ми се допаѓаат правилата на „Твитер“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian