Ако сте загрижени за нивото на железо, ќе ви помогне еден супер витамин

3 mins read

Се наоѓа во хемоглобинот, крвниот пигмент во еритроцитите и поради своите хемиски својства го врзува за себе кислородот, кој на тој начин се пренесува низ телото, но нашиот организам има потреба од железо и од надворешни извори. Сепак, голем број луѓе не го консумираат во доволни количини, а возрасната популација треба да консумира од 5 до 27 милиграми железо дневно, во зависност од полот.

Недостатокот на железо во човечкото тело е главна причина за анемија (слабокрвност), а сидеропеничната анемија е најчестиот вид на слабокрвност. Сидеропенична анемија се манифестира со вртоглавица, слабост и постојан замор.

Прашањето е зошто сепак, повеќето луѓе страдаат од недостаток на железо?

Железото има ниска биорасположивост. Железото многу тешко се апсорбира, луѓето губат одредени количества железо во текот на денот и преку урина, потење и слично, додека жените исто така ќе изгубат многу од овој минерал за време на менструацијата. Токму поради оваа причина ни треба внес на железо за да ги надоместиме овие загуби. Железото во исхраната е присутно во две форми: Хем железо; Не-хем железо. Хем железото е од животинско потекло, а се наоѓа во месото, рибата и пилешкото и мисиркиното, а не-хем железото е она што доаѓа и од растителни и од животински извори. Тоа не се апсорбира толку лесно како хем железото, па луѓето кои не јадат многу месо може да страдаат од недостаток на железо. Ако ви треба малку повеќе железо, суплементите се добар начин да го внесете, а постојат најразлични препарати. Но, постои и едно тајно оружје кое ќе ви помогне да одржувате здраво ниво на железото во крвта, а тоа е витаминот Ц.

Како витаминот Ц ја зајакнува апсорпцијата на железото?

Во дигестивниот систем, хем и не-хем железо се поделени, а хем железото се апсорбира само додека не-хем го прави тоа под влијание на другите хранливи материи во оброкот. Некои хранливи материи, како што се антинутриенти (природни или синтетички супстанции кои влијаат на апсорпцијата на хранливи материи), полифеноли на фитонутриентите (компоненти кои се наоѓаат во растенијата) и калциумот ја спречуваат целосната апсорпција на не-хем железото.

За среќа, витаминот Ц ќе ја подобри биоактивноста на не-хем железото и ќе обезбеди не само добро да се апсорбира железото, туку и рамномерно да се пренесува низ организмот.

Која храна е најдобар извор на железо?

Железото се наоѓа во многу намирници како што се немрсно црвено месо, изнутрици (телешки и пилешки црн дроб), риба (сардини), јајца, житарки (киноа), јаткасти плодови и семки (семки од тиква, сусам, чиа семки), овошје, зелен лиснат зеленчук (спанаќ, блитва, кељ, брокула, зелка) и мешунки (грав, грашок).

Сепак, најдобри природни извори се црвеното месо, изнутриците, јајцата, лиснатиот зеленчук, мешунките, рибата и школките.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Москва е „исплашена“ поради новинарите кои можат да ја кажат вистината

Следно

ВИДЕО | Поповски: Груевски да беше во Македонија, сега ќе беше во затвор, а немаше да дава свои мислења за становите што му ги откриваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian