„Златна малина“: Мјузиклот „Diana“ е најлошиот филм за 2021 година

1 min read

Вчера беа доделени најнепосакуваните филмски награди во светот – „Златна малина“, награди кои се доделуваат за најлошите филмски остварувања во текот на годината.

Мјузиклот „Diana“ освои дури пет награди, меѓу кои и за најлош филм, за најлоша режија и за најлошо сценарио. Aктерката Џина де Вал, која ја игра улогата на принцезата Дајана, ја освои наградата за најлоша актерка во главна улога, а актерката Џуди Кеј, која ја игра улогата на кралицата Елизабета Втора, беше прогласена за најлоша актерка во споредна улога.

Кошаркарот Леброн Џејмс ја освои наградата за најлош актер во главна улога во филмот „Space Jam 2“. Ѕвездата на НБА и „кој било цртан лик со кого дрибла“ беа прогласени за најлоша филмска двојка, а филмот ја освои и наградата за најлошо филмско продолжение.

На изненадување на дел од филмоманите, актерот Џаред Лето беше прогласен за најлош актер во споредна улога за неговото појавување во филмот „House of Gucci“.

Оваа година, дури осум филмови со Брус Вилис беа во трка за оваа сатирична филмска награда. Имено, актерот имаше своја категорија „Најлошите изведби на Брус Вилис во филм од 2021 година“, а наградата ја однесе филмот „Cosmic Sin“.

Целосната листа со победници може да ја прочитате тука.

„Златна малина“ со нова категорија: Дури осум лоши филмски остварувања за Брус Вилис

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На радоста и нема крај: Објавено првото видео од младите лавчиња во скопската зоолошка

Следно

Во Порто ќе ни суди човекот кој ни донесе „среќа“ да се пласираме на Европско првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian