ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении

1 min read

Стара снимка на актуелниот украински претседател, а поранешен актер, Володомир Зеленски е вистински хит на социјалните мрежи. Имено, на снимката тој стои на сцената и се шегува на сметка на рускиот претседател Владимир Путин, кој, пак, седи во публиката.

Бидејќи многумина на социјалните мрежи не ја разбрале шегата, рускиот новинар Слава Маламуд се обидел да го објасни контекстот. Како што објаснува тој, за време на деведесеттите во Русија имало наезда на верижни писма, а луѓето верувале дека таквото писмо ќе им донесе среќа само ако го препратат на други девет адреси.

„Путин неодамна добил писмо на кое пишува ‘преброј го своето население девет пати и ќе бидеш среќен’“, се пошегувал Зеленски.

Маламуд вели дека Зеленски со ова сакал да го „чепне“ Путин за тогашниот пад на бројот на населението во Русија, но и да имплицира дека Путин ќе остане на власт засекогаш.

Сепак, автентичноста на видеото сѐ уште не е потврдена, односно не е сигурно дека Путин седел во публиката додека Зеленски ја раскажал својата шега.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во затворот во Тирана: Притвореник ја потпалил келијата и се задушил

Следно

ВИДЕО: Поен на годината, Волф за момент се „претвори“ во Надал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian