ВИДЕО | Ученик ја цитирал Констракта, па добил единица за писмената работа

2 mins read

Српската пејачка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, доживеа голема популарност по победата на Беовизија, а нејзината песна „In Corpore Sano“ стана голем хит во регионот.

Нејзиното влијание врз помладата публика е многу големо, а доказ за тоа е и ова видео кое го објавил ученикот Јован, кој на писмена работа по српски јазик напишал стих од песната на Констракта и добил единица.

Имено, Јован на зададената тема „Уметноста е мост што ги поврзува времињата и народите“ напишал: „Уметницата мора да биде здрава“, по што добил незадоволителна оценка.

@joovvaaannn #fyp #foryou #viral #umetnicamorabitizdrava ♬ original sound – Zemlja Gruva

Вчера Констракта апелираше до сите да внимаваат на текстот на нејзината песна.

„Здраво, јас се викам Констракта и ќе ја претставувам Србија на годинешниот избор за песна на Евровизија. Сфатив дека остануваат уште само 50 дена до натпреварот, па затоа предлагам да го прочитате текстот на песната „In Corpore Sano“ и да ‘копате подлабоко’, па во Торино можеме заедно да одговориме на некои прашања за неа“, рече таа на видеото кое беше објавено на официјалниот Тик-ток профил на Евровизија.

@eurovision It has came to our mind that Konstrakta is one of the coolest people ever 🤩😍🇷🇸 Keep your hands clean and celebrate the countdown to #Eurovision2022! #ESC2022 #Eurovision ♬ original sound – Eurovision

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Николенко: Руски референдум на окупираните украински територии нема никаков правен основ

Следно

ВИДЕО: Јапонецот фантастичен, Кобајаши светски шампион во ски скокови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian