ВИДЕО: Поен на годината, Волф за момент се „претвори“ во Надал

1 min read

Американскиот тенисер Џефри Џон Волф беше поразен од Стефанос Циципас на АТП турнирот во Мајами од Мастерс 1000 серијата, но го привлече вниманието со еден негов потег, може и да се прогласи за поен на годината.

Гркот Циципас за два часа игра успеа да триумфира со 2:1 во сетови 6:4, 6:7 (5) и 6:1, а во следното коло за пласман во осминафиналето ќе игра против Алекс Де Минор од Австралија.

Во другите мечеви од 1/16 финалето ќе се сретнат: МекДоналд – Зверев, Кокинакис – Кудла, Гастон – Нори, Рууд – Бублик, Тијафо – Х.М. Серундоло, Ф. Серундоло – Монфис, Карењо Буста-Синер, Кирјос – Фоњини, Корда – Кецмановиќ, Фриц – Пол, Чилиќ – Алкараз, Карацев – Хуркач, Херис – Нишиока, Бруксби – Баутиста Агут и Медведев – Мартинез.

Волф иако е елиминиран, покажа одличен тенис против Циципас, а ја крена публиката во вториот сет при резултат 5:5. Топчето одеше на неговата бекхенд страна, и тоа што импресионираше го премести рекетот од десната рака на левата и успеа во стилот на Рафаел Надал да поентира.

Поенот на Волф можете да го погледнете на 01:15 мин. од видео записот:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении

Следно

Петков утре е домаќин на премиерите на Северна Македонија, Црна Гора и Романија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian